Ahmet Gençtürk
08 Август 2025•Ажурирај: 08 Август 2025
АТИНА (АА) – Постаро машко лице загина во голем шумски пожар што избувна денес на околу 29 километри југоисточно од центарот на Атина, во градот Кератеа, што предизвика и евакуација, објавија грчките медиуми, пренесува Анадолу.
Мажот е пронајден мртов во својата куќа, зафатена од пожарот, соопшти јавниот радиодифузен сервис ЕРТ, додавајќи дека во шест области во и околу градот веќе на сила се наредби за евакуација.
Пожарот и понатаму е надвор од контрола главно поради силните ветрови, и покрај големите напори на противпожарните екипи, поддржани од неколку воздухоплови и волонтери, се додава.
Според ЕРТ, ситуацијата и понатаму е тешка бидејќи пожарот продолжува да беснее и да се шири на повеќе фронтови.