Nezir Aliyev
11 Февруари 2016•Ажурирај: 16 Февруари 2016
БИШКЕК (АА) - Според билатералниот договор од пред две години, Русија испорача нов контимнгент воена помош на Киргистан, јавува Anadolu Agency (AA).
Руски воени товарни авиони „Aнтонов-124-100” доставија воена помош на меѓународниот аеродром Манас во Бишкек, а воени официјални лица кои присуствуваа на примопредавањето најавија и продолжување на таквата соработка.
Доставената воена помош се состои од десет опремени оклопни возила и поголемо количество воена опрема.
Русија, минатата година, на Киргистан му испорача 500 тони воена помош која се состоеше од тенкови, артилериско оружје и техничка опрема.
Киргистан на почетокот на 2014 година најави модернизација на оружените сили и побара помош од Русија. Руските власти ветија дека Киргистан ќе донира воена опрема со вкупна вредност од 1,1 милијарда долари.