Cihan Demirci
29 Февруари 2020•Ажурирај: 02 Март 2020
ЕДРЕНЕ (АА) - Во интервенција на грчката гранична полиција повредени се тројца мигранти, јавува Агенција Анадолија (АА).
Грчките погранични единици настојуваат со употреба на солзавец и звучни шок-бомби да ги растераат мигрантите кои се наоѓаат во зоната меѓу граничните премини Пазаркуле и Кастаниес.
Во интервенцијата повредени се тројца мигранти, меѓу кои и едно дете. На терен излегоа екипи на итната медицинска помош.
На терен помош им е укажана на неколкумина мигранти, додека три лица, меѓу кои и малолетник, се пренесени во болница во Едрене, Турција.