Dmitri Chirciu
01 Јули 2021•Ажурирај: 02 Јули 2021
МОСКВА (АА) - Во Москва, главниот град на Русија, започна процесот на повторна вакцинација против новиот вид коронавирус (Ковид-19), јавува Агенција Анадолија (АА).
Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, сподели информации за процесот на вакцинација во градот.
Потсетувајќи дека процесот на масовна вакцинација во градот започна во декември 2020 година, Собјанин рече дека здравствените експерти препорачуваат вакцинација на секои шест месеци.
Истакнувајќи дека во Москва започна процесот на повторна вакцинација против Ковид-19, Собјанин додаде: „Од денеска граѓаните можат повторно да се вакцинираат.“
Собјанин наведе дека од 5 јули граѓаните можат да се регистрираат за да бидат повторно вакцинирани во 12 градски поликлиники со руските вакцини „Спутник Ве“ и „Спутник лајт“.
- Во последните 24 часа починаа 672 лица -
Според изјавата дадена од Рускиот центар за контрола и превенција на инфекции со коронавирус, забележан е највисок дневен биланс на смртност. Во последните 24 часа 672 лица ги загубија животите од коронавирусот, така што, бројот на смртни случаи од почетокот на епидемијата се зголеми на 135.886.
Во последното деноноќие вирусот е детектиран кај 23.543 лица. Тоа е најголемиот дневен број на случаи од 17 јануари, а вкупниот број на случаи се искачи на 5.538.142.
Во Русија продолжува лекувањето на повеќе од 384.000 пациенти заразени од Ковид-19. Бројот на оздравени се зголеми за 16.928 и достигна 5.017.321.
- Процес на вакцинација -
Во Русија, процесот на масовна вакцинација започна на 18 јануари, по инструкција на претседателот Владимир Путин. Во густонаселената Москва и во Санкт Петербург беше донесена одлука за задолжителна вакцинација на 60 проценти од оние кои работат во јавниот и услужниот сектор.
Рускиот министер за здравство, Михаил Мурашко, на 29 јуни соопшти дека над 23.000.000 луѓе ја примиле првата доза на вакцина.