Mehmet Hatipoğlu
25 Ноември 2019•Ажурирај: 26 Ноември 2019
КОМОТИНИ (АА) - Силно невреме го парализираше животот во многу делови на Грција, а во северниот дел на Пелопонез загина едно, а исчезна уште едно лице, јавува Агенција Анадолија (АА).
Локалните медиуми наведуваат дека синоќа поради силното невреме потонал чамец во кој се наоѓале двајца француски државјани.
Загина едно лице, а во тек е акција за пронаоѓање и спасување на другото лице. Големото невреме негативно делува на животот, особено во северниот и западниот дел на земјата.
Затворени се сообраќајниците на островот Тасос, полуостровот Халкидики и подрачјето на Кавала. Од невремето оштетени се куќи, автомобили и деловни објекти.