Betül Yürük
04 Ноември 2016•Ажурирај: 05 Ноември 2016
ЊУЈОРК (АА) - Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун го осуди денешниот терористички напад во југоисточната турска област Дијарбакир, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на Генералниот секретаријат на ОН најостро се осудува терористичкиот напад што беше извршен утринава со автомобил-бомба во Дијарбакир, во кој загинаа најмалку девет, а повредени беа над 100 лица.
Раководството на Обединетите нации, исто така, упати порака со сочувство до семејствата на загинатите и на турскиот народ.
Одговорноста за нападот во Дијарбакир го презеде терористичката организација ПКК.
Паралелно со тоа, генералниот секретар Бан изрази загриженост во врска со синоќешното приведување на лидерите на Народната демократска партија (ХДП) Селахатин Демирташ и Фиген Јуксекташ.