Mustafa Keleş
27 Јуни 2017•Ажурирај: 28 Јуни 2017
ЊУЈОРК (АА) - Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Антонио Гутереш, упати повик до сите засегнати страни да ја разгледаат можноста за повторно обединување на Кипар, јавува Anadolu Agency (AA).
Генералниот секретар Гутереш, пред почетокот на утрешната Конференција за Кипар во Швајцарија даде писмено соопштение, во коешто го изразува своето задоволство што страните повторно ќе се сретнат на преговорите во Швајцарија, истакнувајќи дека е поттикнат од преземените чекори.
Гутереш ги повика страните да ја искористат можноста „Пред нас стои можноста за повторно обединување на Кипар. Сите засегнати страни потребно е да направат процена, првенствено за Кипар, потоа и за целото подрачје на источното Средоземно Море“.
Тој истакна дека ОН ќе ги поддржи овие напори, додавајќи: „Го повторувам моето ветување дека како генерален секретар на ОН, ќе ја дадам сета моја поддршка за да се постигне сеопфатно решение. Посакувам сите страни да го покажат потребното лидерство и волја”.
Конференцијата за кипарското прашање започнува утре, во швајцарскиот град Кран Монтана.