Cüneyt Karadağ
18 Април 2019•Ажурирај: 22 Април 2019
БЕРЛИН (АА) – Соопштено е дека во Германија се бараат 467 неонацисти, за кои има потерница за апсење, пренесува Anadolu Agency (AA).
Федералниот оддел за криминал, во одговор на прашањето на германската новинска агенција ДПА, соопшти дека десничарските екстремисти не можат да бидат пронајдени, затоа налогот за апсење не може да биде извршен.
Се соопштува дека има 600 потерници за 467 лица, а исто така се наведува дека можно е исчезнатите неонацисти да започнат со насилни акции.
Од нив, 12-мина се обвинети за акти на насилство со екстремно десни мотиви, а за 98 од нив има налог за апсење поради политички злосторства. Останатите одлуки за апсење се донесени поради измами, кражби и навреди.
Во Германија пред четири години, бројот на екстремно десничарски екстремисти кои се бараат, изнесувал 253, додека минатата година, оваа бројка се искачила на 467.
Се очекува Федералниот оддел за криминал следниот месец да објави нови податоци за последните шест месеци.