Elena Teslova
18 Април 2019•Ажурирај: 20 Април 2019
МОСКВА (АА) - Рускиот премиер Дмитриj Медведев денеска потпиша одлука со која Русија ги продолжи санкциите кон соседната земја Украина, јавува Anadolu Agency (AA).
Медведев на седницата на Кабинетот во Москва изјави дека и понатаму во Украина е забранет извоз на руска нафта, нафтени деривати и јаглен.
Пролонгираните санкции се проширени и на забраната на увоз на низа украински производи во Русија.
„Ги проширивме санкциите со забрана на увоз на украински производи. Тие санкции ќе влијаат на украинскиот сектор на машинство, лесна индустрија и обработка на метал, а станува збор за сектори кои минатата година остварија увоз од 250 милиони долари“, изјави Медведев.
Медведев нагласи дека руските санкции се одговор на претходно воведените санкции од другата страна. Кризата во односите меѓу Русија и Украина ескалираше во 2014 година откако Русија прогласи анектирање на Крим.