Dilara Hamit
25 Април 2022•Ажурирај: 29 Април 2022
АНКАРА (АА) - Германија е дом на повеќе од 84 милиони луѓе и е домаќин на второто по големина муслиманско население во Западна Европа по Франција, но се чини дека земјата не може да ги избегне расизмот, ксенофобијата, исламофобијата и дискриминацијата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Бројките објавени во мај 2021 година го нарушуваат имиџот на земјата како мултикултурно општество бидејќи бројот на насилни напади од екстремната десница и сите форми на дискриминација забележа голем скок во претходната година.
Според германската Влада, земјата забележала над 23.000 напади од екстремно десничарските екстремисти во 2020 година, што е речиси 20 отсто зголемување од 2019 година, додека вкупно 1.026 исламофобни злосторства биле регистрирани во 2020 година во споредба со 950 во 2019 година и 910 во 2018 година.
На 12 април годинава, двајца германски полицајци во западниот град Дуизбург беа видени како му врзуваат лисици на Емирхан Алтинтас, 13-годишно момче од Турција, поради наводно кинење изборен плакат. Еден од полицајците со коленото го притискаше момчето врз градите.
Неговото семејство соопшти дека ќе ја тужи германската полиција поради насилството врз нивниот син.
На 19 февруари 2020 година, голем напад на екстремно десничарскиот екстремист, Тобијас Ратјен, ги однесе животите на девет лица во градот Ханау. Сите жртви имале мигрантско потекло.
Министерката за внатрешни работи Ненси Фезер две години по терористичкиот напад рече дека многу прашања остануваат неодговорени.
„Државата им должи на семејствата на жртвите транспарентна и целосна истрага“, рече таа во изјавата, ветувајќи дека ќе стори сè за да се откријат сите детали.
Фезер, исто така, вети дека нејзиното Министерство ќе подготви сеопфатен акционен план за борба против расизмот и десничарскиот екстремизам.
Таа неодамна рече дека ќе ги уништат екстремно десничарските мрежи и ќе ги запрат нивните финансиски активности.