Mesut Zeyrek
09 Јули 2019•Ажурирај: 10 Јули 2019
КЕЛН (АА) - Седиштето на Турско-исламската унија за верски прашања (DITIB) во Келн е евакуирано поради дојава за бомба, јавува Anadolu Agency (AA).
Новинарот на АА дознава дека екстремно десничарската организација „Волксфронт“ по електронска пошта до ДИТИБ испратила дојава за бомба, која потоа е упатена на полициските органи.
Полицијата го евакуираше седиштето на ДИТИБ, во чиј состав се наоѓа и Централната џамија во Келн, а преземени се и високи безбедносни мерки.
Патните делници во Ехренфилд, во кој се наоѓа и ДИТИБ, се затворени за сообраќај, а запрени се железничките и трамвајските линии.