Cüneyt Karadağ
19 Мај 2021•Ажурирај: 20 Мај 2021
БЕРЛИН (АА) - ТРТ Дојч (TRT Deutsch), германската платформа за вести на Турската радио-телевизија ТРТ, со седиште во Берлин, Германија, доби писмо од расисти веднаш откако беше цел поради информациите за Палестина, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во писмото потпишано од групата „Принцот Еуген“, кое стигна до седиштето на ТРТ Дојч, забележани беа расистички, антиисламски и антитурски искази.
Полицијата, која го испитала писмото, наведе дека писмото ќе биде упатено до Единицата за државна безбедност (Staatsschutz).
Главниот уредник на ТРТ Дојч, Каан Елбир, посочи дека предметното писмо дошло откако ТРТ Дојч минатата недела била цел на разни медиумски групи и новинари, поради нејзините вести за израелските напади.
Изјавувајќи дека околу две недели известувале за бруталноста и суровоста во Газа, Елбир рече:
„Многу медиумски групи и новинари кои се вознемирени од ова нѐ зедоа за цел, но ние ќе продолжиме да ги покажуваме фактите затоа што веруваме во нашата работа. Ќе продолжиме да работиме на прашањата како што се расизам, исламофобија, ксенофобија, дискриминација, прашања на кои германските медиуми не работат. Ќе продолжиме да работиме на овие теми. Ваквите закани не можат да нѐ спречат.“
Одредени лица кои работат во „zapp.mediengruppe“, на кој е поврзан и јавниот радиодифузер НДР (NDR), на социјалните медиуми со хаштагот на ТРТ Дојч го посочија каналот како цел поради вестите за Палестина.
Групата „Принцот Еуген“ е позната како специјална воена група, дел од СС-единиците (парамилитарна организација) за време на нацизмот.
Претходно двапати беа испратени заканувачки писма до ТРТ Дојч, но при истрагата не се постигнати никакви резултати.