Cüneyt Karadağ
15 Септември 2022•Ажурирај: 17 Септември 2022
БЕРЛИН (АА) - Двајца германски полицајци во Берлин примениле несразмерно насилство врз лице со арапско потекло пред очите на неговите три деца, за кое имало налог за приведување бидејќи не платил казна, известува Агенција Анадолија (АА).
На снимките објавени на социјалните мрежи може да се забележи како полицајците насилно го легнуваат лицето на земја, со лисици му ги врзуваат рацете од зад грб, спроведувајќи насилство.
На снимката се слуша како полицаец ѝ вели на сопругата на лицето на кое му се ставени лисиците „Ова е моја земја, а ти си гостинка!“, „Тука ќе ги почитуваш правилата на мојата земја!“, „Замолчи, немој да ми викаш и немој да си ме допрела, ќе те ставам во затвор!“
Во соопштението што го објави берлинската полиција се наведува дека против двајцата полицајци е отворена истрага поради упатување ксенофобични навреди.
Во продолжение се наведува дека приведеното лице ја платило казната од 750 евра, по што била поништена актуелната потерница.