Ayhan Şimşek
10 Декември 2022•Ажурирај: 11 Декември 2022
БЕРЛИН (АА) - Германската полиција соопшти дека го уапсила напаѓачот кој утрово зеде две лица како заложници во супермаркет во источниот германски град Дрезден, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Го уапсивме 40-годишниот напаѓач. Двајцата заложници сега се слободни и безбедни“, изјави портпаролот на полицијата, Томас Гајтнер, за новинарите.
Претходно утрово, полицијата го опколи подрачјето и ги повика луѓето да не одат во стариот дел на Дрезден. Затворен беше и популарниот божиќен пазар Штрицелмаркт.
Локалните медиуми објавија дека напаѓачот претходно пукал во зграда во близина на главната железничка станица, а подоцна побегнал во трговскиот центар Алтмаркт-Галери во Дрезден, каде што зел неколку луѓе како заложници.