Erbil Başay,Cüneyt Karadağ
24 Јануари 2021•Ажурирај: 25 Јануари 2021
БЕРЛИН
Во веста на германскиот весник „Зиддојче цајтунг“ беше упатено предупредување за мрачната структура на терористичката организација ФЕТО, која почна да се вкоренува и да станува опасна во Германија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во оваа вест се наведени ставовите на германскиот адвокат Кристијан Румпф, кој е експерт за турските закони. Тој рече дека ФЕТО е поопасна од сектата Илуминати.
„Поддржувачите на (лидерот на оваа организација Фетулах) Ѓулен стигнаа до една структура на заедница која има веродостојни и силни хармонични врски во секоја област во општеството. Таа скоро е една тајна алијанса, која има поголема моќ од легендарните Илуминати“, истакна Румпф, нагласувајќи дека ФЕТО е тајна алијанса.
Во веста, ФЕТО се опишува како „движење Ѓулен“, а се нагласува дека германската сојузна покраина Баварија обезбедува поддршка од 975.000 евра годишно за здружението за едукација на ФЕТО наречено „Фрозин“.
Исто така, се истакнува дека терористичката организација ФЕТО е вкоренета во Баварија.
„Една од карактеристиките на организацијата е дека не е транспарентна. Оваа мрежа веќе 30 години често незабележано дејствува и во Аугсбург. Здружението Фрозин во 2009 година со збратимените здруженија од Минхен, Инголштат, Ној-Улм и Равенсбург отворија приватно интернатско основно и средно училиште за девојчиња. Според податоците на Министерството за култура на Баварија, во него моментално се образуваат 164 девојчиња, додека сојузната покраина Баварија годишно дава поддршка од 975.000 евра за училиштето. 90 отсто од учениците се од турско потекло. Училиштето прима ученици и од Лихтенштајн, Австрија и Швајцарија“, се вели во веста.
Според оваа вест, претставниците на ФЕТО сè уште не ја поседуваат транспарентноста што ја ветуваат од 2016 година досега.
Во веста се нагласува дека еден од припадниците на организацијата вели: „Во движењето постои црна кутија. Треба да се види внатре.“
Исто така, во веста се наведени изјавите на Матијас Гарте, поранешен надлежен за интеграција во Аугсбург, кој истакна дека во здружението Фрозин постои мистерија.
„Се сомневавме дека зад него (здружението) постои една мрежа. Сè до 2015 година кога се повлеков од мојата функција, надлежните негираа дека исламот или некое друго движење игра важна улога за нив“, нагласи Гарте.
Во веста се потсетува дека ФЕТО веќе десетици години има стотици илјади следбеници од бирократијата, судството, војската и полицијата во Турција.