Derya Gülnaz Özcan,Tevfik Durul
20 Јули 2022•Ажурирај: 21 Јули 2022
АТИНА (АА) - Голем број куќи се оштетени и се во неупотреблива состојба поради шумските пожари кои избувнаа на планината Пентели, североисточно од грчкиот главен град Атина, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ветрот чија брзина синоќа достигна до 80 километри на час, ги отежна работите за гасење на пожарот.
Евакуирани се бројни населени места откако пожарот кој не можеше да се стави под контрола, се прошири и во населените зони. Одредени патишта во подрачјето се затворени за сообраќај.
Голем број куќи се оштетени и се во неупотреблива состојба поради пожарот во населените места Драфи, Антуса и Јерака.
Според соопштението на грчкото Министерство за климатски кризи и цивилна одбрана, поради безбедносни причини е побарано децата да не ги следат образовните активности кои се реализираат во текот на летниот период во подрачјето на Атика.
Од друга страна, грчките медиуми соопштија дека едно лице чија куќа се запалила, извршило самоубиство.
Претседателот на Сојузот на пожарникари, Димитрис Статопулос, упати апел до граѓаните кои се на возраст од 30 до 40 години, доброволно да учествуваат во работите за гасење на пожарот за кое се ангажирани Вооружените сили, како и полицијата на Грција.