Hacer Başer
07 Ноември 2022•Ажурирај: 08 Ноември 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Во Дубаи, во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), избувна пожар во 35-катна зграда која се наоѓа во близина на највисокиот облакодер во светот, Бурџ Халифа, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите добиени од локални извори, пожарот избувнал во 35-катницата наречена „Шахика“, во близина на Бурџ Халифа во Дубаи.
Сè уште нема информации за евентуални жртви или повредени во пожарот.
Полицијата или Дирекцијата за цивилна заштита во Дубаи сè уште не даде изјава во врска со пожарот.