Vesna Besic
16 Март 2023•Ажурирај: 17 Март 2023
МОСКВА (АА) - Експлозија, а потоа и пожар се случија во утринските часови во зградата на Руската федерална служба за безбедност (FSB) во Ростов, пренесува Анадолу.
Според наводите, се работи за оддел за гранична контрола, на околу стотина километри од границата со Украина.
На пожарот му претходеше експлозија, а пожарот се проширил на речиси 900 метри квадратни, потврди од терен руската служба за итни случаи.
Според прелиминарните податоци, едно лице загина, а две се повредени откако пожарот ја зафатил зградата.
На видеоснимките се гледа облак од густ црн чад над населениот дел од градот.