Aydoğan Kalabalık
23 Мај 2019•Ажурирај: 24 Мај 2019
КАИРО
Поради температурата на воздухот која во Египет достигна 45 степени, во некои градови од земјата подигнато е нивото на алармантност. Екстремната топлина предизвика пожари во кои загинаа три лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Египетскиот државен весник „Ел Ахрам“ (El-Ahram) објави дека поради високите температури, во градот Менуфије избувнал пожар во фабрика за пластика, информирајќи дека во пожарот загинале три лица.
Во североисточниот дел на земјата, во туристичкиот појас Шарм ел Шеик дошло до појава на пожар во еден бизнис-центар.
Од друга страна, во главниот град Каиро и во градот Шаркија дошло до пожар на две возила за јавен превоз, но и во двата случаја немало човечки жртви.
Гувернерството на градот Сохаг, сместено во јужниот дел од земјата, соопшти дека сите болници и владини канцеларии се подигнати на нивото на алармантност.
И Министерството за образование на Египет, поради зголемувањето на температурата на воздухот, донесе одлука според која денес е неработен ден во сите основни и средни училишта и се одложени сите испити.