Asiye Latife Yılmaz
23 Октомври 2025•Ажурирај: 23 Октомври 2025
ИСТАНБУЛ (АА) - Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ја поздрави синоќешната одлука на Министерството за финансии на Соединетите Американски Држави (САД) да воведе санкции врз големите руски нафтени компании, јавува Анадолу.
„Го ценам вечерашниот разговор со (американскиот) секретар Скот Бесент и одлуката на Министерството за финансии за санкционирање на големите руски нафтени компании поради недостатокот на посветеност на Русија кон мировниот процес“, за Украина, истакна Фон дер Лајен на платформата на американската компанија за социјални медиуми X.
Таа додаде дека санкциите на САД, во комбинација со усвојувањето на 19-тиот пакет санкции на ЕУ против Русија, се „јасен сигнал од двете страни на Атлантикот дека ќе продолжиме со колективен притисок врз агресорот“.
САД синоќа воведоа нови санкции врз двете најголеми руски нафтени компании, Роснефт и Лукоил, наведувајќи го „недостатокот на сериозна посветеност“ на Москва кон мировниот процес за завршување на војната во Украина.
Министерството за финансии истакна дека мерките се насочени против енергетскиот сектор на Русија со цел да „ја разорат способноста на Кремљ да собира приходи за својата воена машинерија“ и да оневозможат „поддршка на нејзината ослабена економија“.