Şeyma Uzundere
12 Април 2022•Ажурирај: 13 Април 2022
САО ПАУЛО (АА) – Од претставниците на Европската Унија (ЕУ) за прв пат е побарано да учествуваат како „набљудувачи“ на претседателските избори што ќе се одржат во октомври во Бразил, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Властите во Бразил посочија дека поканата има за цел „да ја зголеми транспарентноста на изборниот систем и да овозможи соработка“.
Покрај ЕУ, разговорите продолжуваат и со други групи кои претходно ги набљудуваа бразилските избори, вклучително и Организацијата на американски држави и Заедницата на земји од португалско говорно подрачје.
Претседателот Жаир Болсонаро, кој ќе се кандидира за реизбор на претседателските избори во октомври, институциите одговорни за спроведување на изборите ги обвини дека му даваат привилегии на поранешниот претседател и негов ривал Луиз Инасио Лула Да Силва.
Болсонаро, исто така, критикувајќи го електронскиот систем за гласање рече дека е несигурен.