Mustafa Deveci
02 Април 2021•Ажурирај: 04 Април 2021
АЛ КУДС (АА) - Во интервенција на израелските сили на протестите на Западниот Брег организирани поради нелегалните еврејски населби и Sидот на раздвојување, повредени се најмалку шестмина Палестинци, јавува Агенција Анадолија (АА).
Палестинците организираа демонстрации во Ал Мугајир во Рамала и Бејт Дејин во Наблус, изразувајќи на тој начин незадоволство поради изградбата на нелегалните еврејски населби и Sидот на раздвојување.
Израелските војници интервенираа со гумени куршуми и солзавци, а Палестинците возвратија со камења.
Медицинските екипи на местото на настанот наведоа дека со гумени куршуми се повредени шест Палестинци, а голем број биле под влијание на солзавецот.
На Западниот Брег, кој е под израелска окупација од 1967 година, се наоѓаат повеќе од 250 нелегални еврејски населби. Тука живеат повеќе од 450.000 еврејски доселеници, што додатно го отежнува животот за Палестинците на Западниот Брег.
Според Меѓународното право, сите еврејски населби кои се наоѓаат на окупираната територија се сметаат за нелегални.