Mohammed Farid Mahmoud Abdullah,Hamdi Yıldız
23 Јануари 2018•Ажурирај: 25 Јануари 2018
РАМАЛА (АА) - По доцнење од 11 години, Израел дозволи користење на 3G мрежа на подрачјето на окупираниот Западен Брег, јавува Anadolu Agency (AA).
„Џавал“, еден од двата мобилни оператори во Палестина, од полноќ ја пушти во функција 3G мрежата. Користењето на оваа мрежа ќе биде ограничено на Западниот Брег. Израел сè уште не даде дозвола за користење на мрежата во Газа.
Палестинските компании со израелските власти долго преговараа за воведување на 3G мрежа. Меѓутоа, барањата на палестинската страна 11 години не беа разгледани од страна на израелските власти.
И додека во дел од светот и во Израел е распострането користењето на 5G мрежата, министерот за комуникации Алам Муса укажуваше на фактот дека подрачјето е лишено од технолошки развој.
„Нема причини Израел да им забранува на Палестинците користење на 3G и 4G мрежа“, изјави тој за АА.
Извршниот директор на компанијата „Џавал“ (Jawwal) изјави дека работат на тоа во Палестина да биде воведена и 4G мрежа.