Mahmoud Barakat
13 Февруари 2018•Ажурирај: 14 Февруари 2018
КУВАЈТ (АА) - Состанокот на министерско ниво на коалицијата предводена од САД против терористичката организација ДЕАШ започнува денес во Кувајт, јавува Anadolu Agency (AA).
Во своето обраќање на отворањето на состанокот, министерот за надворешни работи на Кувајт, Сабах ал Халид ал Хамад ал Сабах изјави дека пропаѓањето на ДЕАШ ja одразува посветеноста на земјите-членки на коалицијата во борбата против тероризмот.
„Меѓународната заедница сè уште се соочува со директна закана од страна на вооружените групи, што бара отворање нови можности во меѓународната коалиција“, им рече тој на учесниците на еднодневниот состанок.
Државниот секретар на САД, Рекс Тилерсон, од своја страна, наведе дека меѓународната коалиција го исчистила ДЕАШ од речиси 98 отсто од сириските и ирачките територии кои беа заземени од оваа група.
Тој рече дека ДЕАШ сè уште претставува закана за регионот и покрај тоа што е протерана од Ирак, и повикува на давање напори за спречување на враќањето на терористичката група во Ирак и Сирија.
Тилерсон, исто така, вети дека ќе одвои 200 милиони долари за поддршка на напорите на коалицијата против ДЕАШ во Сирија.
Состанокот ќе се одржи денес, кога министрите за одбрана на земјите-членки на коалицијата ќе се состанат во Рим на разговори околу заедничката соработка со странските борци на ДЕАШ.
Коалицијата против ДЕАШ е формирана на 11 септември 2014 година од страна на 74 земји со цел борба против терористичката огранизација.