Nazir Aliyev Tayfur
25 Јули 2022•Ажурирај: 26 Јули 2022
КИЕВ (АА) - Претседателот на Украина, Владимир Зеленски, го разреши Руслан Демченко, заменик-претседателот на Советот за национална безбедност и одбрана, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според вестите објавени во националните медиуми, базирани врз извори од украинското Претседателство, Зеленски го разрешил Демченко, заменик-претседателот на Советот за национална безбедност и одбрана.
Зеленски минатата недела исто така ги разреши одговорните за безбедност на украинските региони Сумскаја, Полтавскаја, Закарпатскаја, Житомирскаја и Днипропетровск.