Riyaz Khaliq Khaliq
17 Ноември 2023•Ажурирај: 20 Ноември 2023
ИСТАНБУЛ (АА) - Земјотрес со јачина од 6,7 степени ги погоди Филипини, пренесува Анадолу.
Информацијата преку соопштение ја потврди Агенцијата за геолошко истражување на САД.
Во соопштението се вели дека епицентарот на земјотресот бил на островот Буриас.
Се истакнува дека земјотресот со јачина од 6,7 степени се случил во утринските часови, на длабочина од 10 километри.
Според филипинскиот Институт за вулканологија и сеизмологија, јачината на земјотресот била 7,2 степени.