Şule Özkan
17 Ноември 2023•Ажурирај: 17 Ноември 2023
ИСТАНБУЛ (АА) - Поранешниот специјален известувач на Обединетите нации за окупираните палестински територии Мајкл Линк истакна дека „судот на јавното мислење“ ќе ја ослободи Палестина од израелската окупација, а не меѓународното право, јавува Анадолу
„Сега мора да ви кажам, како меѓународен адвокат не мислам дека меѓународното право ќе ја ослободи Палестина. Меѓународните судови нема да бидат тие што ќе го завршат тоа. Туку 'судот на јавното мислење' ќе го стори тоа“, изјави Мајк Линк за Анадолу.
Тој работеше како специјален известувач на ОН за состојбата со човековите права на палестинските територии од 2016 до 2022 година.
Според него, треба да бидат издадени налози за апсење за извршителите на воени злосторства од редовите на палестинските вооружени групи и високите израелски политичко-воени лидери, како и администраторите на еврејските населби.
Линк истакна дека израелската војска дава малку податоци во врска со бројот на загинати палестински цивили.
Тој нагласи дека овој интензивен биланс на жртви ќе биде ограничен во „книгите по историја“.
Линк рече дека би било подобро обвинителот на Меѓународниот кривичен суд (МКС) да посвети повеќе ресурси за истражувањето на тврдењата за воени злосторства и злосторства против човештвото.
Како што рече Линк, кога станува збор за МКС, има отворено досие за состојбата на Палестина од јануари 2015 година, пред речиси девет години.
„Моја желба е да се види вистинска правда преку Меѓународниот суд на правдата и Меѓународниот кривичен суд во Хаг во однос на прашањата поврзани со Палестина“, истакна Линк.
Тој додаде дека успешното завршување на случаите во Меѓународниот суд е многу важно за создавање на јавното мислење.