Associated Press
22 Септември 2022•Ажурирај: 23 Септември 2022
МЕКСИКО СИТИ (АА) ‒ Силен земјотрес со прелиминарна јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала го погоди Мексико Сити, главниот град на Мексико, јавува Агенција Анадолија (АА).
Земјотресот се случи рано наутро денеска, само три дена по земјотресот со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала што го погоди западниот и централниот дел на Мексико. Во тој земјотрес загинаа две лица.
Американскиот геолошки институт соопшти дека епицентарот на земјотресот, како и оној во понеделникот, бил во Мичоакан.
Земјотресот бил почувствуван низ целата земја. Не е познато дали е причинета материјална штета. Граѓаните исплашени излегоа на улиците.