Murat Karadağ
01 Декември 2017•Ажурирај: 01 Декември 2017
ИСТАНБУЛ (AA) - Земјотрес со јачина од шест степени по Рихтер го потресе градот Керман на истокот на Иран, јавува Anadolu Agency (AA).
Од Американскиот геолошки завод наведоа дека земјотресот со јачина од шест степени забележан е 58 километри североисточно од Керман, на длабочина од десет километри.
Иранската новинска агенција наведува дека земјотресот со јачина од 6,1 степен е забележан во раните утрински часови.
Гувернерот Равера Мухамед Риза Мирсадики потврди дека нема човечки жртви во овој земјотрес, дека се срушиле ѕидовите на старите куќи и дека е прекината некоја патна комуникација.