Riyaz Khaliq Khaliq
15 Декември 2021•Ажурирај: 16 Декември 2021
ИСТАНБУЛ
Пожарникарите успеаја да го изгаснат пожарот кој денеска избувна во Светскиот трговски центар во Хонгконг, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Владата на Специјалниот административен регион соопшти дека пожарот во катната зграда, која е една од најфреквентните згради на улицата „Глостер“, избувнал во 12:37 часот по локално време.
Пожарот бил изгаснат по неколкучасовни напори на екипата на теренот, а во акцијата за гаснење учествувале два авиони.
Многу луѓе кои останале заробени на неколку ката се евакуирани, а најмалку 13 лица кои не се чувствувале добро, се пренесени во болница.