Rania R.a. Abushamala
25 Октомври 2023•Ажурирај: 26 Октомври 2023
КУДС (ЕРУСАЛИМ) (АА) - Израел ќе разгледува дали да ги одобри сите барања за влез што ги поднеле вработените во Обединетите нации (ОН), објави денес израелската Агенција за радиодифузија, пренесува Анадолу.
„Од почетокот на судирите, зголемен е бројот на барања од страна на персоналот на ОН да дојдат во регионот. Израелскиот бес поради зборовите на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, а пред тоа, на состанокот меѓу специјалниот пратеник на ОН за Блискиот Исток, Тор Венесленд, и иранскиот министер за надворешни работи, Хосеин Амир-Абдолахиан, го наведоа Израел негативно да го разгледа ова“, наведуваат од израелската Агенција за радиодифузија.
Израел досега не се изнесе со официјален став за ограничувањето за влез на персоналот на ОН, а ниту Обединетите нации не пријавија какви било пречки во врска со одобрувањето на визите.
Гутереш во една претходна изјава рече дека нападот на Израел не се случил во „вакуумот“ и дека следувал по „56 години окупација“ на палестинскиот народ од страна на Израел.