Safiye Karabacak
14 Април 2022•Ажурирај: 18 Април 2022
РАМАЛА (АА) – Двајцата Палестинци, кои утрово беа ранети од огнено оружје за време на рациите на израелските војници во градот Кафр Дан, во близина на Џенин на северот од окупираниот Западен Брег, ги загубија животите, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во писменото соопштение на палестинското Министерство за здравство се наведува дека двете млади лица кои беа повредени во нападите на Израел на градот Џенин кои се случија денеска во утринските часови, ги загубија своите животи.
Министерството соопшти дека израелските војници, изутрината во градот Џенин со вистински куршуми повредиле шест Палестинци и дека состојбата на тројца од ранетите е критична.
Палестинците кои живеат во Џенин истакнаа дека Израел неодамна ги има зголемено воените рации и санкции и дека главен извор на насилството се практиките на администрацијата на Тел Авив.
Во последните три недели, 14 Израелци ги загубија животите во четири напади, од кои три беа оружени.
Сите очи беа вперени во овој град бидејќи извршителите на последните два оружени напади беа од градот Џенин, кој се наоѓа на северот на окупираниот Западен Брег.
Седум Палестинци ги загубија животите во рациите на Израелската армија во Џенин и неговата околина од почетокот на овој месец.
Покрај тоа, 22 Палестинци се убиени од страна на израелските безбедносни сили во последните настани што избувнаа откако Израелската армија го зголеми притисокот на Западниот Брег.