Mustafa Deveci
02 Ноември 2021•Ажурирај: 03 Ноември 2021
КУДС
Израелските сили ранија двајца, а приведоа 15 Палестинци во окупираниот Западен Брег и Источен Кудс, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите добиени од очевидците, израелските сили извршиле рација во кампот за мигранти во јужниот дел на градот Витлеем со цел да вршат приведувања.
Палестинците реагирале против рацијата на израелските сили кои со вистински куршуми и солзавец интервенираа врз Палестинците.
Во интервенцијата двајца Палестинци биле ранети во нога, a потоа биле пренесени во болница.
Од друга страна, на Западниот Брег и Источен Кудс биле приведени 15 Палестинци.
Инаку, израелските сили често вршат рации во окупираниот Западен Брег и Источен Кудс и под различни тврдења приведуваат Палестинци.
По приведувањата кои станаа вообичаени на Западниот Брег и Источен Кудс, дел од Палестинците меѓу кои деца и жени, со денови се држат во центрите за притвор.