Hüseyin Bağış
02 Ноември 2021•Ажурирај: 03 Ноември 2021
ИЗМИР
Турската крајбрежна стража спасила најмалку 157 мигранти во водите во близина на Измир, чии чамци Грчката крајбрежна стража ги вратила во турските води на Егејското Море, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Управата на Крајбрежната стража на Турција се наведува дека припадниците на стражата ги спасиле мигрантите во крајбрежното подрачје во местата Урла, Дикили, Сеферихисар и Чешме кај Измир.
На крајбрежјето во Урла спасени се 28 нелегални мигранти, чиј чамец Грчката крајбрежна стража го турнала во турските територијални води.
Кај местото Дикили спасени се 33 нелегални мигранти, а во кругот на Сеферихисар спасени се 24 мигранти кои биле на гумени чамци.
Турската крајбрежна стража исто така спасила 72 нелегални мигранти кои биле на гумени чамци во близина на местото Чешме.
Сите спасени мигранти се префрлени во провинциската канцеларија за миграции.
Турција е една од главните рути за мигрантите и барателите на азил кои сакаат да преминат во Европа, посебно по граѓанската војна во Сирија што започна во 2011 година.
Во Турција во моментот се наоѓаат речиси четири милиони Сиријци, повеќе отколку во која било друга држава во светот.