Haydar Hadi
07 Јуни 2017•Ажурирај: 08 Јуни 2017
БАГДАД (AA) - Поради нападот на терористичката ДЕАШ, најмалку 700. 000 Ирачани биле приморани да го напуштат својот дом и денеска престојуваат во бегалските кампови, јавува Anadolu Agency (AA).
Ирачкиот министер за миграции Мухамед Каф, на конференцијата за новинарите во Багдад, изјави дека до денеска 819.000 Ирачани од Мосул го напуштиле својот дом, и дека така го добиле статусот на бегалец.
„Овие бројки се навистина високи и двојно се поголеми отколку што претпоставувавме", порача Каф.
Ирачкиот министер нагласи дека имаат потешкотии да обезбедат основни потреби на повратниците во регионот на Мосул, кои се ослободени од ДЕАШ.
Во врска со бројот на жителите на оваа земја кои престојуваат во бегалските кампови, Каф рече:
„Во камповите во Мосул, живеат 330.000 луѓе. Ширум Ирак во бегалските кампови живеат 700.000 лица", порача министерот за бегалци на Ирак Мухамед Каф.