Murat Karadağ
07 Јуни 2017•Ажурирај: 08 Јуни 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Официјални претставници на Службата за итна медицинска помош во Техеран соопштија дека во двата утрински терористички напада во главниот град на Иран загинале најмалку 12, а ранети се 43 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Паралелно со тоа, иранската новинска агенција „Tasnim“ (Тасним) јавува дека иранските безбедносни сили ги убиле сите напаѓачи кои учествувале во утринскиот напад во зградата на иранскиот парламент во Техеран.
Иранските државни медиуми објавија дека четворица напаѓачи утринава влегле во зградата на парламентот и извршиле оружен напад, и дека иранските безбедносни сили спроведуваат акција на неутрализирање на напаѓачите.
Вториот напад се случи пред турбето на поранешниот ирански верски лидер, ајатолахот Хомеини, а иранските државни медиуми јавуваат дека станува збор за самоубиствен бомбашки напад
Одговорноста за нападот ја презеде терористичката организација ДЕАШ.
Заменик-министерот за внатрешни работи, Хусеин Зулфикари, изјави дека напаѓачите во зградата на парламентот влегле во облека за жени и прекриени со наметка.