İdris Okuducu
04 Август 2017•Ажурирај: 05 Август 2017
БАГДАД (АА) - Властите на Ирак соопштија дека успеале да наплатат 131 милион долари, колку што ОН ѝ останале должни на таа земја за време на санкциите на владата на соборениот ирачки лидер Садам Хусеин, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на ирачкото Министерство за надворешни работи, Ахмед Џамал, соопшти дека Ирак успеал од ОН да наплати 131 милион долари од шестгодишната камата кои со право ги барал
„Долгот го наплативме по интензивните преговори со Секретаријатот на ОН”, изјави Џамал.
Како реакција на ирачката окупација на Кувајт на почетокот од август 1990 година, Обединетите нации (ОН) воведоа ембарго на Ирак кој беше под водство на тогашниот лидер Садам Хусеин. По воведувањето на ембаргото, Советот на безбедност на ОН му дозволи на Ирак да извезува одредени количини на нафта, а за возврат ѝ овозможи на таа земја за парите од нафтата да ги добие потребните лекови и храна. Долгот од 131 милиони долари се однесува на разликата во вредностите на извезената нафта од Ирак и увезените лекови и храна во Ирак.