Ahmet Dursun
23 Мај 2019•Ажурирај: 24 Мај 2019
АНКАРА (АА) - Како последица од бурата и обилните врнежи од дожд кои го зафатија поголемиот дел на Иран смртно настрадаа 24 лица, а повредени се 55, пренесува Anadolu Agency (AA).
Муџтаба Халиди од Центарот за вонредни состојби во Иран, соопшти дека како последица на врнежите и невремето кои од 8 мај ги зафатија покраините Ердебил, Источен Азејбејџан, Западен Азербејџан, Занџан, Разави Хорасан, Јужен Хорасан, Чахамахал-Бахтијати, Исфахан, Керманшах, Курдистан, Фарс, Хузестан, Кирман, Лористан, Меркези, Кохгилује-Бујер Ахмад и Гилан, настрадаа 24 лица.
Халиди наведува дека 4 лица го загубиле животот во буица, додека 20 настрадале во удари на гром.
Муртаза Селими, претседателот на Одделот за спасување при иранската Црвена полумесечина, рече дека настојуваат да им пружат помош на жителите на 83 градови и села кои се погодени од неповолните временски услови.
„Досега е доставена помош за 2.050 лица“, истакна Селими.
Во поплавите кои започнаа на 17 март и траеја речиси еден месец, загинаа 78 лица, а околу 1.000 беа повредени.