Mustafa Melih Ahıshalı
04 Јули 2018•Ажурирај: 04 Јули 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Мухамед Мусадак, заменик-главен обвинител на Иран, истакна дека ќе се забрани употребата на социјалната мрежа „Инстаграм“ во земјата, јавува Anadolu Agency (AA).
Мусадак на прес-конференција што се одржа во просториите на главното обвинителство кое се наоѓа во иранскиот главен град, Техеран, соопшти дека ќе се забрани Инстаграм, кој е еден од најмногу користените социјални мрежи во земјата.
Мусадак не даде информации околу тоа кога ќе стапи на сила оваа забрана. Тој рече дека тоа ќе се прави под изговор дека се вршат злоупотребувања на собраните пари преку Инстаграм за помош лицата кои од тоа имаат потреба, од страна на некои славни личности во земјата.
Употребата на социјалните мрежи како Фејсбук и Твитер е забранета во Иран.
Исто така, „Телеграм“ беше затворен во април, по демонстрациите против режимот кои започнаа во декември минатата година во градот Мешхед, а кои потоа се проширија во другите градови поради економските проблеми.
Педесет и пет отсто од лицата што користат интернет, најмногу го користат Телеграм, по кој следува Инстаграм со 23 отсто.
Внимание привлече она што одлуката за забранување на Инстаграм е донесена по демонстрациите на еснафот во Техеран кој протестираше минатата недела против рапидното зголемување на вредноста на доларот.