Mustafa Melih Ahıshalı
13 Септември 2020•Ажурирај: 14 Септември 2020
ТЕХЕРАН (АА) - Иранскиот претседател Хасан Рохани изјави дека приходите од нафта во Иран се намалени од 120 на 20 милијарди долари во последните осум години, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Како што наведува иранската новинска агенција ИРНА, Рохани во обраќањето на церемонија во Техеран нагласи дека Иран се соочува со остри санкции.
„Соочени сме со економски санкции кои ретко се гледаат во светската историја. Иако нашиот приход од нафта во 2011 година изнесуваше 120 милијарди долари, минатата година падна на околу 20 милијарди долари. Ова јасно покажува во колку тешка ситуација се наоѓа нашето општество“, рече иранскиот претседател.
Порача дека е потребно фокусирање на домашното производство.
Американско-иранските односи се влошија во 2015 година откако Доналд Трамп донесе одлука за повлекување на Соединетите Американски Држави (САД) од меѓународниот Договор за иранската нуклеарна програма и да ги обнови санкциите кон Техеран.
Тензиите во американско-иранските односи ескалираа со јануарскиот американски воздушен напад во кој во Багдад беше убиен иранскиот генерал Касим Сулејмани. Иран одговори со ракетни напади врз две американски бази во Ирак.