Ahmet Dursun
04 Август 2019•Ажурирај: 05 Август 2019
АНКАРА (АА) – Армијата на револуционерната гарда на Иран заплени странски танкер во Персискиот Залив во кој се наоѓале 700.000 литри нелегално гориво и приведе 7 странски државјани кои се наоѓале во танкерот, пренесува Anadolu Agency (AA).
Рамазан Зирахи, командант на морнарицата од вториот регион на Армијата на револуционерната гарда на Иран, во изјавата за иранската полуофицијална новинска агенција истакна дека во средата заплениле странски танкер кој превезувал нелегално гориво во Персискиот Залив.
Зирахи, исто така рече дека се приведени 7 лица кои сакале да пренесуваат нелегално гориво во арапските земји околу Арапскиот Залив.
Танкерот бил повлечен на островот Фарси за правни процедури по запленувањето.