Ahmet Emin Dönmez
23 Јануари 2022•Ажурирај: 24 Јануари 2022
Голем број лица го загубија својот живот во експлозијата што се случи во ноќен бар во камерунскиот главен град Јаунде, јавува Агенција Анадолија (АА).
Очевидците во изјава за новинарот на АА истакнаа дека настанала голема експлозија околу 3:00 часот по локално време во еден ноќен бар во местото Бастос во Јаунде.
Исто така, очевидците нагласија дека по експлозијата избувнал пожар и дека многу лица загинале како резултат на пожарот.
Повредените лица се пренесени во болница за лекување.
Противпожарните служби го ставија пожарот под контрола.
Сè уште не е дадена изјава во врска со причината за експлозијата.