Ali Cura
23 Јануари 2022•Ажурирај: 24 Јануари 2022
Министерството за надворешни работи на Русија го негираше и реагираше против тврдењето на британското Министерство за надворешни работи дека „Русија планира да формира проруска администрација во Украина“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на руското МНР дадено за руските новински агенции се наведува дека Министерството за надворешни работи на Велика Британија шири дезинформации.
„Оваа дезинформација е друг доказ дека земјите членки на НАТО под водство на Англосаксонците се токму тие кои ги зголемуваат тензиите во околината на Украина“, се нагласува во соопштението.
„Го повикуваме британското МНР да стави крај на провоцирачките активности, да стави крај на ширењето глупости, и да се фокусира на проучување на историјата од татарско-монголската инвазија“, се вели во ова соопштение.
Инаку, британското Министерство за надворешни работи претходно соопшти дека е откриено оти Русија прави план да формира проруска администрација во Украина.