Ekipa
03 Мај 2016•Ажурирај: 03 Мај 2016
ШТУТГАРТ (АА) - НАТО алијансата ја разгледува можноста за поставување ротирачки копнени сили во земјите на Балтикот и Полска, изјави американскиот секретар за одбрана, Ештон Картер, јавува Anadolu Agency (AA).
„Ова е една од идеите за кои разговараме“, исткна Картер во изјавата за медиумите пред заминувањето за Штутгарт, каде денеска ќе учествуваат на церемонијата за поставување на новиот командант на Командата на американските сили за Европа, генерал Кертис Скапароти.
Скапароти на оваа функција ќе го замени Филип Бридлов, кој јавно предупреди дека Русија претставува потенцијална закана за Европа.
Американскиот секретар за одбрана соопшти дека НАТО сојузниците разгледуваат поставување на ротирачки четири батаљони на копнени сили од околу 4.000 војници. Тоа се дополнители и одделни сили од 4.200 војници кои САД планираат да ги упатат во Европа во февруари идната година.
Тој порача дека за поставувањето на ротирачки копнени единици детално ќе се разговара и на состанокот на НАТО во јуни месец. Зборувајќи за односите на НАТО и САД со Русија, Картер соопшти дека Москва избрала да се оддалечи од интеграцијата со западот.
„Затоа немаме друга алтернатива освен да го спроведеме тоа што го правиме, т.е. да останеме силни. Меѓутоа САД може да остави отворена врата доколку однесувањето на Русија се промени“.