Riyaz Khaliq Khaliq
29 Мај 2023•Ажурирај: 30 Мај 2023
ПЕКИНГ (АА) – Кина денес му честиташе на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за повторниот избор на оваа функција, јавува Aнадолу.
„Кина му честита на претседателот Ердоган за неговиот повторен избор“, изјави за новинарите во Пекинг портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи, Мао Нинг.
Таа наведе дека ја поддржуваат Туркије да го следи патот на развој во согласност со нејзината национална реалност и веруваат дека ќе постигне нови успеси во развојот под водство на претседателот Ердоган.
Повеќе од 64 милиони граѓани на Туркије со право на глас во вториот круг избраа меѓу актуелниот претседател Реџеп Таип Ердоган, кандидат на Народна алијанса, и кандидатот на опозициската Национална алијанса, Кемал Киличдароглу.
Според неофицијалните резултати, актуелниот претседател Ердоган победи во трката со 52,16 отсто од гласовите, додека опозицискиот кандидат Киличдароглу освои 47,84 отсто од гласовите.