Emre Gürkan Abay
16 Август 2018•Ажурирај: 17 Август 2018
МОСКВА (AA) – Гласноговорникот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека се во тек подготовките за трилатералниот самит за Сирија, планиран за почетокот на септември, јавува Anadolu Agency (AA).
Песков во Москва изјави дека самитот на лидерите на Турција, Русија и Иран, на кој ќе се разговара за решавање на сириската криза, треба да биде одржан во Техеран
„Во тек се активности за организација на трилатералниот самит на лидерите на Турција, Русија и Иран за решавање на сириската криза. За датумот на одржување на самитот јавноста ќе ја известиме откако преку дипломатски канали ќе се постигне договор“, додаде Песков.
Гласноговорникот на Кабинетот на турскиот претседател, Ибрахим Калин, вчера изјави дека третиот состанок на процесот во Астана е планиран за првата седмица во септември.
„Кога точниот датум ќе биде познат, ние ќе го соопштиме. Му придаваме посебно големо внимание на процесот од Астана за да се заврши војната во Сирија преку дипломатски пат“, изјави Калин, потсетувајќи дека вториот состанок на споменатиот процес е одржан во Анкара.