Zylfije Adem Jakupi
30 Септември 2021•Ажурирај: 01 Октомври 2021
ПРИШТИНА (АА) - Специјалниот посредник на Европската Унија за дијалогот, Мирослав Лајчак, потврди дека Косово и Србија постигнале договор за деескалација на ситуацијата во северниот дел на Косово, каде што од 20 септември локалните Срби ги држеа блокирани патиштата кон граничните премини Јариње и Брњак поради одлуката на Владата на Косово за воведување реципроцитет на регистарските таблички од Србија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Лајчак соопшти дека договорот е постигнат по дводневните преговори во Брисел.
„Имаме договор. По дводневните интензивни преговори за договор за деескалација, постигнат е напредок. Им благодарам на Бесник Билими и Петко Петковиќ, и нивната подготвеност да преговараат и да се договорат во корист на граѓаните“, напиша Лајачак на Твитер.