Mehmet Nuri Uçar
11 Август 2019•Ажурирај: 12 Август 2019
ТРИПОЛИ (АА) - Владата на национално единство (УМХ) во Либија соопшти дека Калифа Хафтар, лидерот на силите во источниот дел на земјата, го прекршил Договорот за прекин на огнот за време на Курбан бајрам, објавен по повикот на Обединетите нации (ОН), пренесува Anadolu Agency (AA).
На веб-страницата на операцијата „Буркан ал Гадаб“ (Вулкан на гневот), што ја води Владата на национално единство на Либија, се истакнува дека силите на Хафтар со ракети и артилерија ја нападнале областа Сук ел Џума каде што се наоѓа аеродромот „Митига“ во северниот дел на Триполи.
„Во нападот се повредени тројца цивили“, се вели во соопштението.
Владата на национално единство (УМХ) во Либија и лидерот на вооружените сили во источна Либија, Халифа Хафтар, соопштија дека го прифаќаат повикот на ОН за прекин на огнот за време на Бајрам.
Специјалниот претставник на ОН за Либија, Гасан Селаме, на 29 јули предложи прекин на огнот, вклучително и градење доверба меѓу страните и размена на затвореници и починати лица.
Селаме, кој дојде во Анкара да присуствува на 11. Амбасадорска конференција, во изјава за АА говореше за политичкото решение на кризата во Либија.
Селаме, во тристепеното решение кое го објави неодамна, истакна дека првиот чекор е да се спроведе прекин на огнот во текот на Курбан бајрам, вториот - да се одржи меѓународен состанок на кој ќе учествуваат држави кои се поврзани со Либија и на крај, како трет чекор, да се одржи состанок на страните во Либија.
Генералот Калифа Хафтар на 4 април издаде наредба за напад, со цел да ја преземе контролата врз Триполи, по што силите на Владата на национално единство ја започнаа операцијата наречена „Буркан ал Гадаб“.