Ekipa
02 Февруари 2017•Ажурирај: 02 Февруари 2017
КУАЛА ЛУМПУР (АА) – Пилот-планот за вработување на бегалците Рохинџа во Малезија ќе започне наредниот месец, изјави денес вицепремиерот Ахмед Захид Хамиди, јавува Anadolu Agency (AA).
„Малезија, првично, на 300 Рохинџа муслимани, чиј бегалски статус е потврден од страна на Високиот комесаријат за бегалци на ОН (УНХЦР), од 1. март ќе им овозможи да се вработат во секторот земјоделство и производство“, вели министерот во соопштението.
Припадниците на Рохинџа, муслиманско мнозинство во Мјанмар, ќе бидат првата група бегалци на кои ќе им биде дозволено легално да се вработат во земјата.
„Тие ќе бидат распоредени во одредени компании, во рамките на секторот земјоделство и производство, со цел да се здобијат со вештини и финансиска поддршка за да бидат во можност да ги изградат своите животи пред да бидат префрлени во земјите од третиот свет“, изјави Хамиди.
Оние што ќе бидат избрани, ќе бидат подложени на безбедносна и здравствена проверка.
На бегалците без документи, вклучувајќи ги и Рохинџа муслиманите, сѐ уште не им е дозволено да работат. Според УНХЦР, Малезија е домаќин на околу 151.000 бегалци и баратели на азил, од кои 55.000 се припадници на Рохинџа.
Од минатата година, Малезија почна да прифаќа по 1.000 сириски бегалци годишно.