Gamze Türkoğlu Oğuz
18 Јуни 2018•Ажурирај: 19 Јуни 2018
ВАШИНГТОН (АА) - Меланија Трамп, сопругата на американскиот претседател, Доналд Трамп, истакна дека мрази да ги гледа семејствата како се разделуваат на границата на Соединетите Американски Држави (САД), пренесува Anadolu Agency (AA).
Стефани Гришам, портпаролката на Меланија Трамп, истакна дека Меланија мрази да гледа илјадници деца разделени од нивните семејства поради практиката „нулта толеранција на границата“ на САД која ја започнаа против илегалните мигранти, и се надева дека двете страни ќе направат реформи во законите за миграција.
Гришам пренесе дека Трамп верува оти постои потреба за земја која ги почитува законите, но истовремено владее со срце.
Податоците на американското Министерство за внатрешна безбедност покажуваат дека во период од 19 април до 31 мај, околу 2.000 деца биле принудени да се разделат од своите семејства за време на илегалните преминувања на границата.
Според новата практика на администрацијата на Доналд Трамп, возрасните лица кои илегално влегуваат во САД се приведуваат, додека децата се праќаат во домови за згрижување при американското Министерство за здравство и социјални услуги.
Оваа практика која предизвика дискусии во земјата, се критикува од страна на Демократите и голем број истакнати личности.